Бугарски закани: Ќе има ли средба Заев - Борисов?
Foto

Бугарски закани: Ќе има ли средба Заев - Борисов?

Ќе ги седне ли бугарскиот меморандум со кој официјална Софија го спори македонскиот идентитет и јазик на маса Зоран Заев и Бојко Борисов. 

Според информациите на ТВ24 не се исклучува таква средба. Интензивирање на комуникацијата меѓу Македонија и Бугарија на највисоко ниво најави и шефот на дипломатијата. 

Според информациите на ТВ24 – за состанок се чека тајминг од Софија каде што не стивнуваат антивладините протести.  И додека се чека официјален термин, во Македонија не стивнува бурата од реакции по т.н. објаснувачки меморандум кој Бугарија го испрати во ЕУ, а со кој ја обвинува Македонија за антибугарска идеологија и се заканува со блокада на евроинтеграциите. 

Министерот за надворешни работи повторно ја смирува топката и ја уверува јавноста дека владата како што вели знае што прави за да ги заштити националните интереси и има црвени линии. 

За Османи прашањето за Гоце Делчев мора да биде прашање на историчарите и комисии и таму да се води дебатата - додека се договараат средбите меѓу македонскиот и бугарскиот врв, четириесетина македонски професори реагираат на бугарските оспорувања и обидите Гоце Делчев да се прикаже како заедничка македонско-бугарска историја. 

Професорката Наташа Котлар од Институтот за историски науки за ТВ24 вели идентитетот и историјата на македонскиот јазик не смеат да бидат основа за политички диктат. 

Дека бугарскиот документ е штетен и неприфатлив порачаа и од собирот на амбасадори. 

Додека во Брисел трае дебата за рамката старт на преговори со ЕУ - од бугарија изминативе денови секојдневно стигнуваат закани околу блокада на евроинтеграциите.  

Меморандумот со кој Бугарија тврди дека Македонците се измислена нација од Тито, а македонскиот јазик дијалект на бугарскиот е кулминација на бугарската политика кон Македонците во пресрет на стартот на преговорите. 

Од Брисел до каде што официјална Софија го испрати документот молк. Единствено реагираше германската амбасадорка во земјава која што порача дека билатералните проблеми не треба да се увезуваат во ЕУ. 

Опозицијата бара идентична реакција од македонска страна и декаларција за потврда на македонскиот идентитет изгласан во Собранието.

0 Коментари

Остави коментари