Бугарски европратеник: Вајц е компромитиран од властите во Скопјe, подобро е воопшто да нема извештај за напредокот на Македонија
Известувачот Вајц е компромитиран од властите во Скопјe и подобро е воопшто да нема извештај за напредокот на Македонија, изјави за бугарските медиуми европратеникот Станислав Стојанов од групата „Европа на суверени нации/ренесанса“ на маргините на Европскиот парламент во Стразбур.
На 4 јуни, Комитетот за надворешни работи на ЕП се согласи да го одложи гласањето за извештајот за напредокот на Македонија во ЕУ, по предлог на известувачот Томас Вајц. Гласањето во Парламентарниот комитет е закажано за 24 јуни, а во пленарната сала на ЕП во Стразбур во јули.