Бугарија со рекламна кампања во соседните земји за привлекување туристи

Покрената е голема рекламна кампања за Бугарија во нејзините соседни земји, со цел продолжување на летната сезона и привлекување повеќе гости во септември, изјави привремениот министер за туризам на Бугарија Илин Димитров.

Кампањата ќе биде насочена и кон домашниот пазар во Бугарија, за и Бугарите да го посетат  Црно Море.

Во исто време, Бугарија започна голема рекламна кампања во соседните земји на Балканот.

Бугарија планира да го зајакне рекламирањето на својот туризам и во Полска.

На почетокот на септември се очекува новинарска турнеја од Германија која ќе придонесе и за промоција на Бугарија.

Министерот прецизираше и дека планира да ги посети соседните земји како знак дека Бугарија е безбедна земја и нивните граѓани се добредојдени гости.

Димитров додаде дека Бугарија има 200 гранкови организации од областа на туризмот, а целта е да се искористи искуството на Австрија и Хрватска за да има единствена туристичка организација која е партнер на Владата. Затоа треба да се формира работна група која ќе излезе со предлог како да се направи тоа.

- Во моментов во Бугарија има околу 40 отсто пораст на туристите во однос на минатата година, но тие се уште се за 25 отсто помалку во однос на времето пред ковид во 2019 година, изјави министерот за туризам Димитров.

Најсериозен пораст годинава забележаа туристите од Велика Британија, Израел, Чешка и Полска. Туристичките власти во Бугарија планираат да ја зголемат сезоната и во септември. Бугарија веќе активно работи на претстојната зимска сезона, која, според него, лани била релативно успешна и покрај поскапувањето на струјата, изјави министерот Димитров.