Бугарија: Серија разговори за влада
Foto

Бугарија: Серија разговори за влада

Нова серија разговори помеѓу „Има таков народ“ и другите партии застапени во парламентот, кои бараат поддршка за формирање влада, најави мандатарот пламен николов на маргините на националното собрание.

Николов не им одговорил на новинарите каде се водат преговорите. Тој не прецизираше дали партијата на Слави Трифонов има таков народ  ќе добие мандат  или ќе го врати денес.законскиот рок завршува утре.

Според бугарската професорка Ана Крастева се помала е верејатноста партијата Славе Трифунив да формира влада. 

Крастева позитивно го оценува ради најдов како дипломат со големо искуство и според неа кандидатот на има таков народ за шеф на дипломатијата на Бугарија има поблаги ставови кон Македонија.

Лидерот на Има Таков Народ, Слави Трифонов, во последното интервју ги критикуваше изјавите на копретседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, кој кажа дека стилот на одлучување во ИТН е сличен како со Борисов, а целата моќ е околу Трифонов.  На оваа изјава, Трифонов му порача дека нема да прифати условување, и не се плаши од нови избори.

Борислав Сандов од Демократска Бугарија пред неколку денови, во изјава за тв24 изјави дека преговорите со партијата на Трифонов ќе се одвиваат многу тешко и мачно. Тој кажа дека партијата Демократска Бугарија не сака и нема да предложи нивни министри, но имаат услови за тоа кои ќе бидат претседател на владата и министри. 

Доколку има таков народ не формира влада до утре. Бугарија ќе се соочи со нови парламентарни избори, трети по ред.

0 Коментари

Остави коментари