Бугарија и уште 7 земји од ЕУ го блокираа отворањето на нов кластер за Србија
Бугарија и уште 7 земји од ЕУ го блокираа отворањето на нов кластер за Србија од преговорите за членство во Европската Унија. Против отворањето на кластерот 3 за Белград се Бугарија, Хрватска, Холандија, Финска, Шведска, Литванија, Летонија и Естонија. Главната причина за загриженоста на споменатите земји е очигледната неусогласеност на Белград со надворешната политика на ЕУ. Блокот воведе тешки санкции кон Русија поради нејзината целосна инвазија на Украина, но Србија категорично одбива да им се придружи. Српскиот претседател Вучиќ во Цирих изјави дека има уште седум дена до конечната одлука.