Бугарија, Грузија и Гибралтар се противниците на С Македонија во Лигата на нации
Foto

Бугарија, Грузија и Гибралтар се противниците на С Македонија во Лигата на нации

Бугарија, Грузија и Гибралтар се противниците од Групата 4 од Лигата Ц со кои Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи во новото, трето издание на Лигата на нации.

Сите 55 членки на Европската фудбалска заедница се поделени во четири лиги и со вечерашната жрепка во Нион тие ги дознаа своите противници.

 

ЛИГА А:

Група 1: Австрија, Хрватска, Данска, Франција

Група 2: Чешка, Швајцарија, Португалија, Шпанија

Група 3: Унгарија, Англија, Германија, Италија

Група 4: Велс, Полска, Холандија, Белгија

 

ЛИГА Б:

Група 1: Ерменија, Ирска, Шкотска, Украина

Група 2: Албанија, Израел, Русија, Исланд

Група 3: Црна Гора, Романија, Финска, Босна и Херцеговина

Група 4: Словенија, Србија, Норвешка, Шведска

 

ЛИГА Ц:

Група 1: Литванија, Фарски Острови, Луксембург, Турција

Група 2: Косово, победник од дуелот Кипар/Естонија, Грција, Северна Ирска

Група 3: Азербејџан, победник од дуелот Казахстан/Молдавија, Белорусија, Словечка

Група 4: Македонија, Грузија, Гибралтар, Бугарија

 

ЛИГА Д:

Група 1: Андора, Летонија, поразен од дуелот Казахстан/Молдавија, Лихтенштајн

Група 2: Сан Марино, поразен од дуелот Кипар/Естонија, Малта

 

Натпреварите почнуваат во јуни 2022 година, кога ќе се играат четири кола, а последните две рунди ќе се одиграат во септември 2022 година. Завршниот турнир е закажан за јуни 2023 година.

0 Коментари

Остави коментари