Бугарија го продлабочува јазот, „тенка“ поддршка за Македонија

Изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која по средбата со бугарската колешка Генчовска, кажа дека и двете земји се залагаат ЕУ да ги започне преговорите за членство со Албанија и С.Македонија, за Генчовска е дезинформација или шпекулација. Бугарската министерка тврди дека Бербок не била добро разбрана од медиумите и бугарската позиција во однос на Македонија останува иста.

Теодора Генчовска, Министерка за надворешни работи на Бугарија -Никој од тимот на Министерството во сите свои разговори, средби со европски партнери, со амбасадори на други држави-членки на ЕУ или на НАТО, никој не отстапил од таа позиција и несе преземени никакви ангажмани, што се врзани за рокови.

Заменик-координаторот на Пратеничката група на ГЕРБ Тома Биков пак го обвинува премиерот Петков дека иако го негира тоа, тој „очигледно преземал обврски кон Северна Македонија“.

Тома Биков, Заменик-координаторот на Пратеничката група на ГЕРБ - Ние немаме ништо против Република Северна Македонија да ги започне преговорите за влез во Европската унија, но не гледаме дека Република Северна Македонија прави чекор напред. Ништо не е сменето во однос на ситуацијата од пред шест месеци, освен што македонскиот премиер рече дека нема да ја присоедини Пиринска Македонија кон Република Северна Македонија.

Во моментов бугарскиот премиер Петков има проблеми со ставовите на коалиционите партнери Слави Трифонов и Корнелија Нинова, кои се спротиставуваат на договор со Македонија без исполнување на таканаречените бугарски црвени линии.