Бугарија ги запира сите меѓудржавни проекти со Македонија
Бугарија ги запира сите меѓудржавни проекти со Македонија се додека не добие докази дека официјално Скопје ги почитува правата на Бугарите во земјава. Бугарскиот амбасадор во нашата земја Ангел Ангелов ќе остане во Софија се додека, според проценката на бугарските власти, не се случи вистинска промена во нашата држава.
Бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков вели дека Бугарија ќе ги преземе сите мерки за случајот „Пендиков“ и тие се веќе во тек.