Бугарија бара писмени гаранции, Македонија нема да преговара за идентитетот
Би било порешно доколку Заев и Борисов во престојниот период потпишаат нова декларација на желби како што е договорот за добрососедство од 2017та вели бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за бугарските медиуми.
По последното интервју за бугарски медиум на премиерот Заев не стивнуваат реакциите ниту во соседна Бугарија.
„Ќе биде груба грешка ако премиерите Борисов и Заев изиграат некаков театар за пред публика, и повторно потпишаат нова декларација слична на договорот од 2017 та. Без јасни критериуми без механизам за верификување , и без услови за исполнување. Ние имаме најголем интерес нашите браќа од Р. Северна Македонија да ја добијат својата европска перспектива . И за тоа сега треба да почекаме да се смират страстите и да имаме трпение за еден отворен и мирен разговор.“ - изјави Румен Радев.
Институтот на Каракачанов пак кој треба да се занимава со македонските прашања а кој е директно финансиран од владата во Бугарија пак бараше корекции на карактерот на НОБ во Македонија, иако пак претходно Каракачанов бараше Македонија да не се меша во внатрешните односи на Бугарија и да не ја фалсификува историјата како што тврдеше во многу наврати.
Денеска со приближно синхронизирани и испегласни ставови се огласија и дел од министрите од владата на Заев откако вчера имаше лавина на реакции откако се огласија и поранешните високи државни функционери.
Министерката за одбрана Шеќеринска пак вели нема да ги коментира личните ставови на поединци кои подолг период не се дел од политичката сцена и од позиција на министер а не партиски член во интервјуто на Заев гледа само чекор и обид за приближување на односите со Бугарија.
Вицепремиерот за евроинтеграции Димитров пак и денеска во гостувањето на ТВ 24 посочи дека нема откажување од идентитетот и јазикот, а напорите за евроинтегративните процеси на земјата продолжуваат .
За првиот човек на министерството за внатрешни работи пак Оливер Спасовски не спорни се фактите дека темелите на земјата почиваат на како што порача АВНОЈСКАТА Југославија а АСНОМ е потврда за македонскиот јазик и идентитет, но односите со соседна Бугарија смета дека треба да се негуваат .
Интервјуто на Заев за БГНЕС предизвика низа реакции на домашната политичка сцена но и во соседна Бугарија. Новинарот Љупчо Нешков кој го правеше интервјуто со Заев за Бугарското Национално радио изјави дека тоа предизвикало земјотрес од 9 степени во Скопје но и дека како што вели се надева дека Заев нема да поднесе оставка од функцијата откако тоа го побарале и дел од поранешните високи државни функционери на земјава меѓу кои ги спомнува и екс претседателите Црвенковски и Иванов кои вчера писмено се огласија.