Буџетот за програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за следната година е намален
Државата продолжува да ги крати средствата за лекување и превенција од ХИВ, реагираат од здруженијата на пациенти. Предупредуваат дека со намалување на парите од програмата за оваа намена, се стопираат превентивните тестирања во кои се опфатени и ранливи и маргинализирани групи на граѓани.
Министерството за здравство без конкретен одговор за предупредувањата од пациентските здруженија, ниту пак образложение зошто се намалува буџетот за превенција.
- Програмата за заштита на населението од ХИВ, која Министерството за здравство ја изготвува на годишно ниво, се реализира во рамки на обезбедениот буџет. Притоа, средствата за реализација на активностите и обезбедување терапија во континуитет се обезбедуваат од Буџетот на МЗ. Токму една од целите на оваа Програма е одржување ниска преваленца на ХИВ кај клучните популации. Министерството е отворено за соработка со невладините организации и здруженија, во интерес на здравствената заштита за нашите граѓани. - Министерство за здравство.
За заштита на населението од ХИВ за следната година се предвидени 90 милиони денари, што е за 10 милиони денари помалку од тековната година. Ова според здруженијата е недоволно и може да доведе до зголемување на стапката на ХИВ инфекциип.
Според податоците секоја година во земјава со ХИВ заболуваат 46 лица, а во моментот околу 400 се на терапија.