Буџетот влезе во собраниска процедура

Развојната компонента на буџетот е во реализацијата на предвидените капиталните инвестиции во кои државата инвестира и во нивната структура, како градење автопати, детски градинки и инвестиции во образованието.

Вака вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи го брани предлог буџетот, кој денеска влезе во собраниска процедура. Владата претходно го најави најголемиот буџет досега, за кои тврди дека е одржлив и развоен.

Според власта, со новиот буџет пари ќе има за сите потреби, меѓу кои и за редовна исплата на платите, пензиите, социјалната помош, како и за двата изборни циклуси. Сепак, Битиќи признава дека току изборите можат да бидат проблем.

Во расходната страна на буџетот се проектирани близу 5,6 милијарди евра и е за 5,8 проценти повисока од претходниот буџет. Догодина се очекуваат 10 насто поголеми приходи, кои би изнесувале нешто над 5 милијарди евра. Буџетскиот дефицит ќе биде за околу 150 милиони евра помал во однос на тековниот буџет. Се предвидува еконмскиот раст од 3,4, а инфлација од 3,6 проценти.

Досега најголемиот буџет денеска е на матичната собраниска комисија. Според опозицијата, Предлог-буџетот е напумпан и не носи развој, туку криминал и корупција. Оттаму оценија дека власта од 2018 година до денес потрошила 25 милијарди евра низ буџети, но не неправилна ништо ново.

Се очекува од петок тој да влезе и на парламентарна расправа. Токму тогаш е најавен и голем синдикален протест пред Собранието.