Буџет 2026: за опозицијата буџет за социјален мир, за власта развоен буџет
Повеќе пари за пензии и плати во јавниот сектор носи новиот буџет како и зголемување на капиталните инвестиции вели министерката Кочоска Димитреска која најавува и над 40 милијарди денари – за инфраструктура, енергетика, железница, земјоделство, образование и здравство, со фокус на коридорите, енергетските капацитети и нови производствени погони.
Денеска започна расправата која ќе трае пет дена за истиот да се донесе до крајот на годинава.
Според министерката дополнетиот предлог-буџет е „економска порака за стабилност, доверба и развој."
Но дел од економските експерти и опозицијата предупредуваат дека буџетот за 2026, тежок над 6,7 милијарди евра, се потпира на амбициозни очекувања за приходи и дека постои ризик од ново задолжување со оглед на сервисирањето на постојаниот долг, вклучително и еврообврзницата.Опозицијата критикува дека буџетот не се грижи за граѓаните,намалени се неколку социјални ставки.
Од над 200 поднесени, прифатени беа шест амандмани. Во буџетот за наредната година вкупните приходи се проектирани на 6,1 милијарда евра, а расходите на 6,7 милијарди евра. Буџетски дефицит е планиран на 638 милиони евра или 3,5% проценти од планираниот БДП. За капитални инвестиции се проектирани 658 милиони евра. Се очекува раст на БДП од 3,8%, инфлација од 2,5%.

