Буџет 2025, од амбиција до реализација: Раст на БДП за 3,7%, капитални расходи од 800 милиони евра

Буџет 2025, од амбиција до реализација : раст на бдп за 3,7%, капитални расходи од 800  милиони евра. Очекувањата на владата за растот на македонската економија во 2025 година се оптимистички со оглед на моментални состојби во стопанство, вели за Телевизија 24 универзитетскиот професор Синиша Наумовски.

Проекцијата од 3,7 отсто е тешко остварлива бидејќи праксата низ годините покажала дека предвидените капитални инвестиции ни приближно не се реализираат во целост, а тоа е една од главните ставки за раст на Бруто Домашниот Производ. Како дополнителни ризици за економијата во земјава влијание секако ќе има и кризата во Германија, но и се пожестоките вони кои се водат на Европскиот континент. 

 

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ ЗА 2025

Раст на БДП   3,.7%

Расходи – 6,5 милијарди евра 

Приходи – 5,8 милијарди евра 

Дефицит – 680 милиони евра

 

„Јас јасно кажав, 3,7 е очекување на министерството за финансии, Светска банка има помало очекување тоа е околу 2,5, јас ќе бидам блиску до Светска банка, или околу три отсто. И тоа за мене ќе биде огромен успех.  Министерството за финансии во сите овие години проектираше огромна ставка на капитални инвестиции во буџетот кој го крои, а на крај реализацијата беше проблем. Зошто беше проблем реализацијата.? Правна држава и бирократскиот систе,. Сите проекти беа закочени.“ - Синиша Наумовски универзитетски професор.

Наумовски очекува дека догодина инфлацијата ќе се стабилизира, но ризик може да направи неекономско зголемување на платите, пред се во јавниот сектор. Продуктивноста на компаниите мора да се подобри со поддршка од страна на државата. Парите наменети за фирмите од унггарскиот кредит да се дадат со што е можно пониска камата, односно да се договори минимална заработка да имаат комерцијалните банки. Долгот на државата според него не треба посебно да не загрижува бидејќи следува период на раздолжување. 

 

Инфлација 2,2%

Државен долг 60%

 

„Поминуваме големи кризи, ако има една држава економија која има  слабости во системот, не може сама да произведе храна, не може сама да обезбеди електрична енергија и мора да обезбедувате од страна тоа се ефекти кои ќе предизвикаат мал раст или огромно задолжување да оддржиме некаков раст.“ - Синиша Наумовски универзитетски професор.

Премиерот Мицкоски денеска најави дека од понеделник ќе ги повика синдикатите да ги договорат колективните договори и растот на платите за следниот период. Во предлог буџетот за догодина само за плати под државна капа предвиде ни се 750 милиони евра. Во меѓувреме, бизнисот бара посериозна поддршка а граѓаните мерки за подобрување на стадрардот.