Буџет 2022 година - големи економски планови, дали ќе се остварат?
Амбициозни планови за значаен економски исчекор - консолидирање на јавните финансии. Фискална издржливост и план за јавни инвестиции. Економистите оценуваат дека новиот буџет за 2022 година ги содржи клучните насоки и предвидувања за економски раст, но во исто време предупредуваат на ризиците дека тие може и да не се остварат.
Ако годинешниот буџет е буџет за пребродување на кризата поради пандемијата, новиот буџет се смета дека ќе биде буџет за заздравување и развој, оценија од Владата. Во вчерашното експозе на министерот за финансии клучно е што салдото на капиталните инвестиции го надминува буџетскиот дефицит. Следната година Владата планира да потроши 4,4 милијарди евра а да собере 3,9 милијарди евра. Капиталните инвестиции се планирани на досега највисоко ниво 613 милиони евра. Догодина се планира економски раст од 4,6 проценти
Според досегашните оценки на економистите следната буџетска година ќе започне со прелеана енергетска криза и инфлациски притисок. Според буџетскиот прогнози инфлацијата сепак се очекува да се стабилизира по завршување на првиот квартал од следната година и да се задржи на умерено ниво од 2,4 проценти. Во меѓувреме официјалните статистики покажуваат дека оваа година завршува под силен ценовен притисок,а за зголемената инфлација веќе се огласи и народната банка која ја зголеми прогнозата за годинава на 3,1 процент.