Буџет 2021: Зголемување на приходите, намалување на расходите
Foto

Буџет 2021: Зголемување на приходите, намалување на расходите

Освен со пандемијата и лошата економија, Македонија следната година ќе се соочи со два дополнителни предвизика што ќе повлечат екстра пари од буџетот.

Пописот на населението и локалните избори. За статистичката операција во буџетот за 2021 г. се предвидени 4,3 милиони евра, пари кои ќе легнат на сметката на Државниот завод за статистика. Но целиот попис ќе чини 8,5 милиони евра. Дел од нив се потрошија година. 

За локалните избори, закажани за октомври, ќе се потрошат нешто на 7 милиони евра. 5 милиони ќе одат на сметката на ДИК, а останатите кај општините. Во буџетот, кој е напишан на 400 страници, стои дека државата идната година ќе биде штедлива. Трошоците се намалени за нешто над 2%. Но платите и надоместоците во јавниот сектор се зголемени. Ќе се потрошат над половина милијарда евра, што е повеќе од годинава за 20 милиони евра.

Пратениците кои деновиве ќе го чешлаат буџетот, следната година ќе потрошат исто така повеќе пари. Нивниот буџет за 2021 е проекиран над 10 милиони евра. За плати и надоместоци се предвидени 6 милиони евра, што е за милион евра повеќе од годинава. 

Наспрема вртоглавите суми за плати, парите за почист воздух од година в година се намалуваат. Следната ќе се потрошат 1,3 милиони евра. Предвидени се пари и за чистење на линданот во Охис.

За субвенции за енергетска ефикасност за граѓаните има 760 илјади евра. Во делот на здравството власта повторно во буџетот го најавува капиталниот проект на нов Клинички центар во Скопје. Железницата кон Бугарија, прочистителна станица во главниот град и брз автобуски превоз.

Власта очекува граѓаните до година повеќе да трошат. Контурите на новиот буџет се поставени како рамка на оптмистичко сценарио - стивнување на здравствената криза во првиот квартал што треба да донесе економско заздравување и раст на БДП од 4,1 проценти. Планиран е буџетски минус од 567 милиони евра. Креаторите на економските политика за следната година очекуваат умерена инфлација.

0 Коментари

Остави коментари