Бучковски: Историчарите си даваат простор за политичарите да ги тргнат препреките
„Времето не ни е сојузник. За да одговориме на овој предизвик со Бугарија, треба да се вратиме назад. За јазикот од бугарска страна се инсистира да се користи формулација која ја има во Договорот за пријателство. Се обидуваат да направат дистинкција меѓу заеднички и поделено за заедничката историја. Околу малцинските прашања се инсистира да нема мешање во внатрешните прашања. Поприлично се комплицирани работите. Историчарите се обидуваат да извлечат максимум. Не верувам дека заедничката Комисија ќе ги затвори сите прашања. Историчарите си даваат простор за политичарите да ги тргнат препреките. Климата е неповолна, јавноста и кај нас и во Бугарија еч увствителна. Дали ќе ја најдат формулата двата тима не знам, но просторот за маневар што го има нашата страна не е комотен“ вели универзитетскиот професор Владо Бучковски во Студио 10 на ТВ24 за тоа дали Бугарија ќе ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.