Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените
Болните , изнемоштени но и затворениците денеска ќе можат да го остварат своето право на глас за локалните избори во Брвеница кои ќе се одржат утре . Во избирачкиот список за денсеска регистрирани се 88 болни и изнемоштени лица и 9 кои се наоѓаат во 3 те казнено поправни установи ширум државата . На овие локални избори пријавени се 6 кандидати 4 ца поддржани од коалиции и двајца од група на граѓани . Утре пак право на глас имаат 16 256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство.
Локалните избори во Брвеница се случуваат поради ненадејната смрт на доскорешниот градоначалникот а потоа беше именувано лице вршител на должност. Изборниот молк започна од синиќа на полноќ и ќе трае се до утре до 19 часот кога гласачките места ќе бидат затворени и ќе се пристапи кон броење на гласовите .
Изборите во Брвеница беа распишани на 7 август, а во меѓувреме поради истекување на гаранцијата на системот за биометриска идентификација која траеше до 11 август, ДИК мораше да ја обезбеди потребната техничка поддршка со набавката која опфаќа функционалност на системот и ажурирање со нови податоци на дел од постојните уреди, односно на апаратите потребни за 24 избирачки места.
Иако за Брвеница е најдено привремено решение, сепак останува обврската за подготвеност на целокупната опрема а во меѓувреме се прави проценка, во која насока треба да оди следната јавна набавка. .
Последните локалните избори во земјата се одржаа минатата година во октомври кога се бираа советници и градоначалници на 80 општини од Македонија и градот Скопје . Вториот круг пак беше на 2 ноември .

