БРТ: Пари има, желба нема, пенали се плаќаат

Парите кои Македонија ги доби од Европската банка за обнова и развој за БРТ – се уште стојат за тој проект, дали земјава ќе ги искористи или ќе продлжи да плаќа пенали кои граѓаните ги чинат 350.000 евра годишно? Од ЕБОР велат дека дали ќе се раскине договорот е прашање за друга адреса.

Зa Владата, БРТ е решение кое треба да се примени, бидејќи со него граѓаните би добиле поквалитетен, побрз превоз во градот кој со тоа ќе наликува на модерен град.

Познавачите на сообраќајната инфраструктура кои ги консултираше ТВ24 порачуваат дека за развој на транспортен систем потребни се стандарди кои ќе ги запазат потребите на граѓаните а не на политичарите.

Поради кои причини Град Скопје не го спроведува проектот за БРТ системот? Дали се планира да ср раскине договорот со ЕБОР, за што веќе се плаќаат пенали?

Од Град Скопје молк. А молчат и од Министерство за финансии по однос на прашањата Колку пари од буџетот на државата де одвојуваат месечно, а колку годишно за плаќање на пенали поради неспроведувањето на БРТ системот за град Скопје?

Претходно, Арсовска рече дека нема да се спроведува БРТ системот оти постоеле бројни недостатоци и ризици врз животната средина.

Сегашниот јавен транспорт е концепт стар повеќе од 40 години и е правен за потребите на тогашно Скопје за да ги задоволува потреби на Скопје до 1984 година.

Кон крајот на 1980-тите години, во Скопје се организирал референдум околу изградба на шински јавен превоз во градот. На референдумот сепак граѓаните на Скопје се изјасниле против.

Токму за БРТ системот неодамна се постави и прашањето за референдум за што би се изјасниле граѓаните, но Арсовска претходно рече дека нема потреба од референдум бидејќи проектот бил неспроведлив.