Бројот на жртвите во Магнитогорск се зголеми на 33
Foto

Бројот на жртвите во Магнитогорск се зголеми на 33

Бројот на загинати при уривањето на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се зголеми на 33, а осум лица и натаму се водат како исчезнати по експлозијата на системот за гас, што предизвика уривање на зградата на 31 декември, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Експлозијата предизвика уривање и оштетување на 48 станови во станбениот блок.

Рускиот истражен комитет смета дека причина за несреќата е експлозија на гас во едно домаќинство.

Еден од жителите на зградата доживеа, како што изјави, „новогодишно чудо“, откако неговиот 11-месечен син Иван Фокин беше пронајден жив под урнатините, 36 часа по инцидентот. Бебето е префрлено во московската болница со повреди на главата и со хипотермија, бидејќи под урнатините поминало на температури под нулата.

Руската министерка за здравство Вероника Скорцова изјави дека бебето е на интензивна нега и надвор од животна опасност.

0 Коментари

Остави коментари