Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина 10 милиони
Foto

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина 10 милиони

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина десет милиони, а бројот на починати достигна речиси 500 000.

Во меѓувреме расте бројката на заболени и во Соединетите американски држави. Агенцијата ројтерс, врз основа на свои податоци, денеска јави дека бројот на заболени надминал 10 милиони.

Ситуацијата во САД се влоши откако некои гувернери одлучија брзо да се отворат баровите и плажите, а според претпоставките на Агенцијата за јавно здравје бројот на заболени може да е и до десет пати повисок од откриените случаи.

0 Коментари

Остави коментари