Бројот на заболени од корона вирус во светски рамки надмина 1 милион луѓе
Foto

Бројот на заболени од корона вирус во светски рамки надмина 1 милион луѓе

Бројот на заболени со ковид 19 во светот надмина еден милион. Најмногу заразени има во САД, Италија и Шпанија каде бројот на починати и заболени секојдневно расте. Само во последните 24 часа, во соединетите американски држави починаа 1.169 лица, што е најголем број на жртви за еден ден во државата од избивањето на епидемијата.

Епицентарот на заразата е Њујорк, каде што од вирусот досега загинаа повеќе од 1500 луѓе. Градоначалникот на најголемиот град во САД апелираше жителите да го покријат лицето кога излегуваат од своите домови а првиот човек на Центарот за Контрола на Болестите побара од властите воведување на поригорозни мерки.

„Сите држави треба да издадат наредба за луѓето да останат во своиет домови. Не ми е јасно зошто тоа не се случува. Ако само погледнете што се случува во државата, навистина не ми е јасно зошто не е издадена ваква наредба. Мораме да сториме се што е во наша можност да се намали бројот на заболени.“ - изјави д-р Ентои Фаучи.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте пак ја заостри реторика кон првите луѓе на Европската Унија. Во писмо објавено во весникот „Ла Република“, Конте и порача не претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Леен дека од Брисел слуша идеи кои не се достојни за Европа и побара да се покаже повеќе амбиција и единство. Од италијанскаста влада пак велат дека вонредната состојба во државата, најверојатно ќе биде продолжена до мај.

А првиот човек на Милано, вели дека градот, но и целиот регион, сега преминува од здравствена во економско-социјална криза и предупреди дека целиот здравствен систем на Ломбардија ќе се распадне, доколку се влошат работите во Милано.

„Помалку страдавме од Бергамо и Бреша. Ако се распадне Милано, тогаш ќе се урне целиот здравствен систем на Ломбардија . Немаме датум за целосно отворање на Милано. Она што го правиме е дека се подготвуваме повторно да заживееме, ни треба план, полека ќе се отвора сектор по сектор. Размислуваме како ќе работи јавниот превоз и метрото кога ќе има повеќе луѓе на улиците. Како ќе ги користиме стадионите, кино салите, театрите? Како ќе и помогнеме на економијата на Милано.“ - изјави Џузепе Сала – градоначалник на Милано.

Шпанија денеска ја надмина Италија по бројот на заразени со Ковид 19. Во државата има 117.710 заболени, а само во еден ден починале 932 лица... Белгиските здравствени власти пак соопштија дека во последните 24 часа, заразени се уште 1.422 лица.

0 Коментари

Остави коментари