Британските пратеници изгласаа одложување на Брегзит
Foto

Британските пратеници изгласаа одложување на Брегзит

Со огромно мнозинство, 412 гласа за наспрема 202 против, британските пратеници вечерва изгласаа одложување на излезот на Британија од Европската Унија. Со тоа на премиерката Тереза Меј и оставија можност наредната недела повторно да се обиде да добие поддршка за договорот постигнат за Брегзит со ЕУ. Врз основа на оваа Одлука, британската Влада сега ќе побара од ЕУ да биде одложено истапувањето на земјата од Унијата за по претходно утврдениот рок – 29 март. Со Одлуката се предвидува Брегзитот да се одложи до 30 јуни, доколку Долниот дом до 20 март го одобри Договорот за британското истапување од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на Меј и Брисел...Доколку, пак, до 20 март пратениците и по третпат не го одобрат Договорот, британската Влада ќе бара подолгорочно одлагање на Брегзитот, но ЕУ ќе мора да се согласи со барањето и да ги постави условите за тоа.

0 Коментари

Остави коментари