Брисел со порака: Проширувањето не смее да биде заложник на билатералните спорови

Проширувањето на Европската Унија не смее да биде заложник на билатералните спорови, а земјите кандидати не треба со години да чекаат за да ги почувствуваат придобивките од европската интеграција. Ова се пораките што доаѓаат од состанокот на европските лидери во Брисел.

2Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, бара проширувањето да се гледа низ призмата на заедничката европска безбедност,

ЕУ Каја Калас

„Во однос на ова прашање, навистина е важно да не го билатерализираме процесот на проширување. Ако го погледнеме процесот на проширување како таков, Европа е многу мал континент. Всушност, треба да бидеме посилни заедно со земјите што се дел од Европа. Во понеделникот имавме дискусија со министрите за надворешни работи, меѓу другото, и за безбедносните аспекти на проширувањето, како и за тоа што овие земји ѝ носат на безбедноста на Европската Унија откако ќе станат нејзини членки“, изјави Калас. 

Во меѓувреме Австрија со нов предлог за проширувањето. Според иницијативата на австриската министерка за надворешни работи, Беате Рајзингер, земјите кандидати би можеле постепено да добиваат пристап до одредени делови од единствениот европски пазар, доколку ги исполнат потребните реформски услови

Идејата е економските придобивки од европската интеграција да не зависат исклучиво од завршувањето на целиот процес на пристапување.

БЕАТЕ МАЈНЛ-РАЈЗИНГЕ

„Проширувањето на ЕУ не смее да стагнира. Ако ги оставиме земјите кандидати предолго да чекаат, не треба да се изненадиме ако други го пополнат тој простор со сопствени правила, пари и влијание“, порача австриската министерка на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес на 1 октомври 2026 година. 

На состанокот Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја искористи долгогодишната блокада на Македонија на европскиот пат како аргумент за да ги оправда осумте услови што Загреб ѝ ги поставува на Црна Гора.  Тој изјави дека Хрватска постапува конструктивно, за разлика од начинот на кој Македонија била блокирана на својот европски пат.

Андреј  Пелнковиќ премиер на Хрватска 

– На пример, ја имате Северна Македонија, која во 2000 година беше пред Хрватска во институционален поглед, а сè уште не ги отвори преговорите. Постојат две држави кои од 2005 до 2026 година одзедоа 21 година од институционалното приближување на Северна Македонија кон ЕУ – изјави Пленковиќ во Брисел.

Инаку европскиот совет го прифати неодамнешниот предлог на Европската комисија за подготовка на Унијата за проширување, но  побара предлогот дополнително да се анализира, без да ги одобри или да навести одобрување на предложените промени во пристапниот процес. 

Најконкретната порака во заклучоците е за Црна Гора, за која се поздравува работата на пристапниот договор, но изоставена е јасна временска одредница за затворање на сите преговарачки поглавја до крајот на 2026 година.