Брисел ги менува правилата – Фон дер Лајен ја повика Канада на асоцијативно членство

Брисел ги менува правилата за проширување – Канада со амбиција за нов, асоцијативен статус во ЕУ. Урсула фон дер Лајен најави посилна и посамостојна Европа и порача дека проширувањето останува строго засновано на заслуги. Фон дер лајен повика на изградба на Европа со доволно политичка, економска и безбедносна моќ сама да носи одлуки и да дејствува......Состојбата во унијата ја опиша со познатата мисла на чарлс дикенс за времето на француската револуција – период во кој најдоброто и најлошото постоеле истовремено. Во пресрет на новите реформи , кои треба да ги објави европската комисија, а кои се очекуваат на крајот на  септември – Фон дер лајен изјави дека проширувањето останува строго засновано на заслуги, но предупреди дека почитувањето на европските вредности е тема за која нема преговори..Украина, Молдавија и Западен Балкан, според неа, се неразделен дел од европската заедница, но почитувањето на европските вредности останува услов за кој нема компромис. 

Во пресрет на реформите што ги подготвува Европската комисија, во фокусот е едно од најчувствителните прашања – иднината на правото на вето во ЕУ. Додека експертите ги анализираат можните промени, за Македонија, која сè уште нема започнато преговори, Кацарска предупредува дека новите правила би можеле да значат многу понеповолна позиција.

Во говорот на Светскиот економски форум во Давос на почетокот на годинава канадскиот премиер, Марк Карни предупреди дека светот не минува низ постепена транзиција, туку низ „ненадеен прекин“, порачувајќи дека средните сили мора да се здружат за да бидат „на масата, а не на менито“.

Прашањето што се наметнува е: дали реформите што ги подготвува Брисел ќе значат поефикасна Унија или, пак, ќе создадат нови пречки за земјите-кандидати како Македонија? Новите реформи на Европската комисија се очекуваат на 30 септември.