Брегзит силно ја погоди британската економија, а најлошото допрва следува
Foto

Брегзит силно ја погоди британската економија, а најлошото допрва следува

Над 400 финансиски компании во Велика Британија преместија активности, работници и вкупно еден трилион фунти (1.400 милијарди американски долари) средства во Европската унија поради Брегзит, а најлошото допрва следува, покажува студијата на консултантската фирма Њу Фајненшл.

„Сметаме дека овие проценки се конзервативни и очекуваме бројките да растат со текот на времето. На крајот на краиштата, ние сме само на крајот од почетната фаза на Брегзит”, се заклучува во студијата објавена во петокот.

ЕУ не беше дарежлива кон Велика Британија во однос на директен пристап до пазарот за финансиски услуги, кој од јануари не е вклучен во трговскиот договор ЕУ-Велика Британија.

„Пристапот веројатно нема да ја одразува пресретливоста, па затоа може да биде подобро секторот да се помири со штетата поврзана со Брегзит и да се фокусира на прилагодување на рамката во Велика Британија за подобро да одговара на уникатната природа на секторот за финансиски услуги во Велика Британија“, сугерираат авторите на студијата.

Отприлика 7.400 работни места се преселени од Велика Британија или се отворени во нови финансиски центри во ЕУ, утврди Њу Фајненшл. Банкарите предупредуваат дека некои планови за преместување на работниците се одложени поради ограничувањата на патувањето поврзано со пандемијата на Ковид-19.

Вкупно 440 компании се преселени од Велика Британија, повеќе од очекуваното и значително повеќе отколку што покажа истражувањето на Њу Фајненшл од 2019 година, кога заминаа 269 од нив. Советничката куќа проценува дека во реалност заминале повеќе од 500.

0 Коментари

Остави коментари