Бред Биндер победи на австриското Мото ГП
Foto

Бред Биндер победи на австриското Мото ГП

Бред Биндер победи во австрискиот Мото ГП откако ризикуваше да не влезе во боксот за да го смени моторот кога во завршните кругови почна да врне силен дожд.

Овој потег на Биндер му заштеди доволно време кое го однесе до освојување на неговиот втор Мото ГП.

Италијанецот Франческо Бањаја заврши втор, со скоро 10 секунди заостанување, а Шпанецот Хорхе Мартин го комплетираше подиумот на третото место.

Следната трка е закажана за 29 август на патеката „Силверстоун“ и Големата награда на Британија.

0 Коментари

Остави коментари