Бразилската полиција уапси членови на најмоќната криминална банда, планирале убиства и киднапирање на функционери

Федералната полиција во бразил уапси девет осомничени членови на криминална група по рации низ целата земја за да се спречи наводно убиство и заговор за киднапирање.

Групата планирала да изврши „убиства и киднапирања за откуп“ во најмалку пет од 26-те бразилски сојузни држави, а цели биле јавни службеници и функционери.

Групата, главен извозник на кокаин, е поврзана со убиството на висок парагвајски обвинител минатата година.