Бразилецот Куња од Вулверхемптон во Манчестер јунајтед
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед ги засили своите редови со 26-годишниот бразилски напаѓач Матеус Куња.
Првото засилување на Јунјатед за новата сезона дојде од Вулверхемптон, а Куња се обврза на петгодишна верност со клубот од „Олд Трафорд“.
Куња имаше откупна клаузула вредна 62,5 милиони фунти во договорот со Вулверхемптон, која Јунајтед одлучи да ја активира.
„Тешко ми е да опишам со зборови што чувствувам откако станав играч на Манчестер јунајтед. Уште од дете во Бразил, гледајќи натпревари од Премиер лигата на телевизија во куќата на баба ми, сонував да го носам црвениот дрес. Сега целосно ќе се фокусирам на тоа да станам важен дел од тимот и да му помогнам на клубот да се врати на врвот“, рече Куња.