Бразил регистрира црн рекорд - 2.000 жртви од Ковид-19 за еден ден
Foto

Бразил регистрира црн рекорд - 2.000 жртви од Ковид-19 за еден ден

Бразил за првпат регистрира повеќе од 2.000 смртни случаи од коронавирус за еден ден, јави ДПА.

Според податоците на Министерството за здравство објавени доцна синоќа, во последните 24 часа регистрирани се 2.286 смртни случаи.Од почетокот на пандемијата, во Бразил од Ковид-19 починале 270.656 луѓе.

Последните дневни податоци покажуваат 79.876 новозаразени, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата во најголема земја во Латинска Америка надмина 11,2 милиони.

Само САД и Индија имаат поголем број на заразени.

Бразил, кој почна со вакцинација во јануари, е една од најпогодените земји во светот. Здравствениот систем се распадна во многу градови.

0 Коментари

Остави коментари