Браун позитивен на корона вирус
Foto

Браун позитивен на корона вирус

Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун, е позитивен на корона вирус. Според прес-службата на НБА-лигата, играчот сега е во карантин и без симптоми на болеста.

Браун го пропушти крајот на минатата сезона поради повреда. Тој беше опериран поради скинати лигаментите на левиот зглоб. Се врати на терените во оваа претсезона и учествуваше на натпреварот против Орландо.

Џејлен одигра 58 натпревари минатата сезона во НБА-лигата, во просек по натпревар постигнуваше по 24,7 поени и 6,0 скока. 

0 Коментари

Остави коментари