Бран апсења во Босна и Херцеговина по терористичкиот напад извршен од момче 

Осум лица се уапсени досега во рации во БиХ, како дел од истрагата почната откако малолетник уби еден и тешко повреди друг полицаец во Босанска Крупа, потврдија полициски извори.

Покрај Босанска Крупа, претреси на згради и апсења биле извршени и во областа на Бихаќ, каде што биле уапсени осум мажи. Во акцијата во која учествуваа и членови на Државната агенција за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА), одземени се мобилни телефони, компјутери, усб-стикови, пари и поголема количина материјали напишани на арапски јазик. 

Во терористичкиот напад пред два дена, 14-годишник идентификуван како средношколец во Босанска Крупа со нож уби полицаец, а тешко повреди полицајка.