Брачна расправија во Кочани - мажот починат, жената со тешки повреди однесена во болница
Шеесетиедногодишен маж од Кочани починал, а неговата педесетипетгодишна сопруга е тешко повредена по семејна расправија, информираат од МВР.
Полицијата информира дека настанот се случил ноќеска во куќа на улицата „Климент Охридски“ во Кочани, по што жената итно била префрлена на Клиниките во Скопје, а сопругот им подлегнал на повредите.
Истражна полициска екипа и судија на претходна постапка прават увид.
Неофицијално, утрово во полициска станица во Кочани 30-годишник пријавил дека во нивната куќа татко му ја нападнал мајка му. Информациите се дека во самоодбрана, жената го усмртила нејзиниот маж.