Божиновски за 24 Aнализа: Пуштачот на бомбите директно и фрла ракавица на Вилма Русковска
Foto

Божиновски за 24 Aнализа: Пуштачот на бомбите директно и фрла ракавица на Вилма Русковска

Во денешното гостување во 24 анализа со Сеад Ризвановиќ, новинарот Зоран Божиновски зборуваше за најновите разговори објавени на јутуб, поврзани со случајот „Рекет“, но и за бизнисмените кои му плаќале за информации Тој ги спомена Минчо Јорданов и Орце Камчев во врска со случајот „Шпион“ во кој беше обвинет, а подоцна беше ослободен од обвинение поради недостаток на докази.

„Ме обвинија за рекетарство, но без докази. Две обвинителства шест и пол години не можеа да го докажат тоа. Толку се мачеа за при крај на минатиот месец обвинителите Елизабета Јосифовска и Стевчо Донев да се изјаснат дека немаат материјални докази против мене. Во меѓувреме повикуваа сведоци против мене кои даваа трагикомични изјави против мене. Меѓу нив се и Минчо Јорданов и Драган Даравелски. Двајцата се изјаснија дека не сум ги рекетирал. Јорданов лажеше на суд дека договор било да ми даде 10 илјади евра, па сум го уценувал. Минчо во шест наврати ми даде мене 30 илјади евра, секогаш ме чекаше со кетеринг и подароци во неговиот кабинет.“ - објасни Божиновски.

Со Камчев, Божиновски потпишал договор дека има право во секој момент за некоја тема да го праша додека трае договорот. Во моментот кога се Минчо и Орце се налутиле, завршувала нивната соработка, објасни Божиновски.

„Сите овие години опстанувам со пишување и имање и располагање на информации и за тоа ќе си плати.“ - рече Боиновски.

Тој ги слушнал разговорите и дека тоа е откривање на вистината надвор на институциите. Потенцираше дека Русковска требала сите да ги затвори и да ги седне на обвинителна клупа, меѓу кои и судијката Лиле Стефанова која го водеше случајот „Империја“. Со ПМ мерки се селектираат доказите и обвинетите, рече Божиновски и дека ќе седнеле и многу други интересни лица од јавниот и политичкиот живот.

„Поради манипулацијата во случајот „Рекет“, испуштен е моментот вистината да се лоцира и декетира. Признанието на Кичеец ми личи дека ќе се обие на глава на обвинителството. Нема идила во дравата процесот да го врати во судницва и е испуштен од контрола.“ - рече Божиновски.

Во врска со објавените разговори на јутуб, Божиновски вели дека снимките ги пушта некој пријател на демократијата и Камчев и Заев манипуларираат со јавноста. Орце морал да пријави за да не седне на обвинителна клупа како давател на мито Горан Николовски Џони дава добар совет на Камчева да ја пријави кај Вилма и за тоа Божиновски објавил дека тој е кираџија кај Антонио Апостолски во неговата куќа во Бардовци и е кирација на Мијалков, кој е вистинскиот сопственик на куќата, рече Божиновски.

„Тој наместо да постапи во склад со слуѓбата, во недоверба кон Спасовски и Јовче Ременски кои наводно имал врски со Боки 13, надвор од службата, надвор од службата и просторијата се среќава со Ана Камчева на која и вели „Оди пријави кај Русковска“, а таа не пријавува и дава поткуп и со тоа се квалификува за да седне на обвинителна клупа, рече Божиновски.

„Пуштачот на бомбите директно и фрла ракавица на Вилма Русковска каде е трагата и каде се наоѓа уредот за следење. само треба да ја земе чантата и да види каде се таа патувала.“ - нагласи Божиновски.

Потенцираше дека најбуталниот рекет одел на релација Катица Јанева - Сашо Василевски, а Боки 13 се појавил подоцна. Василевски бил незаконски поставен генерален директор на МЕПСО, а таму се работело со големи милионски фактури, а при тоа немал соодветни квалифиикации за таа позиција.

Божиновски ги имал истите информации кои и новинарот Геровски во врска со „Рекет“. Геровски бил сменет со ургенции кај директорот на српски Курир, зошто на некои луѓе во СДСМ не им се допаѓало какви теми новинарот објавува во „Слободен печат“.

„И Заев е суетен. Геро ги имаше сите расположливи информации. Дали е Геро употребен и злоупотребен од Камев, не знам, тоа треба да си расчистат. Геро беше централен човек заради чие пишување за аферата луѓето беа затворени.“ - рече Божиновски.

Божиновски смета дека Камчев пораката н српски јазик што се слуша во разговорите како ја кажува ја упатил со Зоран Бошановиќ, специјалниот советник на Заев. Божиновски истакна дека Камчев бил добар пријател со поранешниот британски премиер Дејвид Камерон кого го финансирал.

Тој откри дека бизнисменот Минчо Јорданов го има мобилниот телефон на покојниот Никола Младенов, кој бил земен веднаш по сообраќајната несреќа, кога загина новинарот.

0 Коментари

Остави коментари