Божиновски за 24 анализа: Груевски сакаше да стане цар на Македонија
Foto

Божиновски за 24 анализа: Груевски сакаше да стане цар на Македонија

Новинарот Зоран Божиновски во текот на денешното гостување во 24 анализа со Сеад Ризвановиќ не сакаше да го споменува името на поранешниот премиер Никола Груевски, но за неговиот братучед Сашо Мијалков вели дека тој раководел со бизнисот и со рекетот. За Груевски вели дека сакал да стане цар преку измислени приказни и со тоа Македонија да стане царска држава.

„Груевски од мал е воспитуван да стане цар на Македонија. Мајка му замисли Македонија да стане царштина. Сашо Мијалков стана сопственик на Македонија по службена должност, а сега е по неслужбена.“ - рече Божиновски.

Тој е убеден дека Груевски не може да се врати во Македонија зошто е под контрола на унгарската тајна слуба кои имаат големо лоби. 5-8 милијарди долари снемало во времето на Груевски. Рече дека и Даравелски е во слична ситуација и дека српската служба не го пушта да излезе од земјата.

Така и Груевски нема да биде пуштен. И преку Груевски, Унгарија ќе управува со Македонија и ќе ја користи како тек во преговорите со Унијата.

„Знаеме дека Унијата и забележува на демократијата во Унгарија и ги крши полека И Груевски е само играчка во нивни раце и е шетан во автомобили на тајната служба. Ако шета слободен, Груевски е биде киднапиран од таканаречената средно силната мафија.“ - рече Божиновски.

Божиновски откри и дека ќе формира движење Буревесник кое нема да биде класична партија, туку ќе има он лајн кампањи и со јутуб и ќе промовираат се што е ново и без цензура. Тој го презентираше елаборатот каде е обработен и проблемот со извршителите кои на граѓаните им земаат цели плати.

0 Коментари

Остави коментари