Ботас: Сакам да победам на трката во Абу Даби
Foto

Ботас: Сакам да победам на трката во Абу Даби

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас има голема желба да победи на трката за Големата награда на Абу Даби. Ова ќе биде последна трка ова сезона во која Финецот нема победа.

- Минатата сезона возев во добра форма во Абу Даби, така што сè е можно. Оваа сезона, борбата за врвот е поголема. Ние немаме предност како порано. Но, сакам да бидам најбрз и во квалификациите и на главната трка. Ова е мојата цел. Ќе направам се за да ја исполнам амбицијата. И тогаш ќе биде поубаво да се оди на одмор. Последните трки беа тешки за мене, но знам дека моето расположение ќе се подобри штом ќе почнам да победувам, изјави Ботас.

Неговиот клупски колега, Луис Хамилтон веќе го обезбеди шампионскиот трофеј, па се шпекулира дека во Абу Даби ќе вози во функција да му помогне на Ботас прв да ја мине целта.

Во Генералниот поредок од Шампионатот во Формула 1, Ботас е на четвртото место со 237 бода и теоретски шанси да го престигне трето пласираниот Кими Раиконен од Ферари кои има 251 бод.

0 Коментари

Остави коментари