Ботас пред Хамилтон на квалификациите на „Имола“
Foto

Ботас пред Хамилтон на квалификациите на „Имола“

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Емилија Ромања која ќе се одржи утре на автодромот „Енцо и Дино Ферари“ во Имола.

На денешните квалификации, Ботас за нецела десеттинка од секундата беше побрз од клупскиот колега Луис Хамилтон.

Од вториот ред ќе тргнат Макс Ферстапен од Ред Бул и Пјер Гасли од Алфа Таури.

Од 5. до 10. место ќе се наредат: Даниел Рикардо од Рено, Алекс Албон од Ред Бул, Шарл Леклер од Ферари, Данил Квајт од Алфа Таури, Ландо Норис и Карлос Сајнц од Мекларен.

Почетокот на трката за Големата награда на Емилија Ромања е закажан за утре во 13:10 часот.

0 Коментари

Остави коментари