Ботас победи на трката за ГН на САД, Хамилтон со шеста титула
Foto

Ботас победи на трката за ГН на САД, Хамилтон со шеста титула

Мерцедес славеше на трката за ГН на САД, откако финецот Валтери Ботас во жестока трка во финалето со британецот Хамилтон го освои првото место.Луис Хамилтон си ја осигура најновата шампионска титула. Второто место му беше доволно за титулата, шеста во неговата кариера.

Хамилтон беше блиску и до победата на патеката во Остин, но на пет круга пред крајот Ботас успеа да го мине. Во последните два круга Ферстапен беше упорен да го престигне Хамилтон, неуморниот првак не му дозволи, па возачот на Ред Бул мораше да се задоволи само со третата позиција. За Хамилтон ова е шеста шампионска титула, една повеќе од Фанџо и една помалку од Шумахер.

Четврти беше Шарл Леклер, додека Себастијан Фетел поради проблеми со болидот не успеа да ја заврши трката. Зад Фетел, до бодови на оваа трка стигнаа Албон, Рикиардо, Норис, Саинц, Гасли и Перез.

Победникот Ботас и Ферстапен на крајот го избањаа со шампањско шампионот Хамилтон за освојувањето на титулата. Следната трка ќе се вози по 14 дена во Бразил, на 16 и 17 ноември. Квалификациите започнуваат во 19 часот во сабота на 16 ноември, а трката ќе се вози следниот ден со почеток во 18 часот.

 

0 Коментари

Остави коментари