Ботас по заостатокот со бодови: Ќе се вратам
Foto

Ботас по заостатокот со бодови: Ќе се вратам

Валтери Ботас водеше во генералниот пласман во сезоната 2019 до ГН на Кина, каде ја испушти победата и сега заостанува со 6 поени од Луис Хамилтон.

Возачот на Мерцедес беше многу брз во текот на викендот и ја освои пол-позицијата, но ја испушти својата шанса во трката.

Финецот не започна на најдобар начин и го отстапи водството на својот тимски колега. На крајот, тој немаше темпо за напад на првото место и заврши втор.

– Не е пријатно, но ќе се вратам, рече Ботас со насмевка, на прашањето како ќе го коментира заостанувањето во поени во шампионатот.

– Изгубив на стартот. Автомобилот беше добар, темпото беше добро. Во првите стинтови бев во протокот на валкан воздух и не можев да се доближам. Штета за стартот. Нагазив на белата линија на стартно-целната права и таму изгубив. Тоа се ситни детали, сепак сезоната само што започна. Работите изгледаат добро и јас сум многу среќен за тимот, додаде Финецот по трката.

 

 

0 Коментари

Остави коментари