Ботас најбрз во квалификациите на „Нирбургринг“
Foto

Ботас најбрз во квалификациите на „Нирбургринг“

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на денешните квалификации за Големата награда на Ајфел, која се вози на патеката „Нирбургринг“. Ботас беше подобар од Хамилтон. 

Ботас успеа да ја освои пол-позицијата на трката во Германија со време од 1.25.269, а веднаш по него заврши тимскиот колега Луис Хамилтон со задоцнување од 0.256 секунди, по што во топ-3 се пласираше и Макс Ферстапен. За Ботас ова е 14-та пол-позиција во кариерата.

Шарл Леклер се пласира на четвртото место. Место меѓу најдобрите десет на стартот изборија Алекс Албон (Ред Бул), Даниел Рикардо (Рено), Естебан Окон (Рено), Ландо Норис (Мекларен), Серхио Перез (Рејсинг Поинт) и Карлос Саинц (Мекларен).

0 Коментари

Остави коментари