Ботас најбрз на квалификациите, Леклер изненади со четвртото место
Foto

Ботас најбрз на квалификациите, Леклер изненади со четвртото место

Финскиот пилот Валтери Ботас од Мерцедес, ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка на патеката Сахир во Бахреин. Борбата за влез во првата десетка за утрешната трка за Големата награда на Сахир во Бахреин беше неизвесна до самиот последен круг.

Последниот круг започна со жестока трка меѓу Верстапен, Ботас и Расел, но им се приклучи и Леклер кој го потисна Ботас. Но, во завршниот круг, Валтери Ботас од Мерцедес беше најбрз по трет пат и по 26 беспрекорни квалификации Расел губи од тимскиот колега. Ова е 16 пол позиција за Ботас, 5 оваа сезона и шанса да стигне до третата победа на утрешната трка, на крајот изјави дека утрешната трка ќе биде неизвесна.

„Ќе видиме утре малку е Мики Маус патека со нерамнини.“ - изјави Ботас.

Расел кој го освои второто место изјави дека трката била напната и рече дека требало и побрзо да вози, но е среќен што влегол во К3. Рече дека е среќен што доаѓа како замена на Хамилтон и на второто место. Утре очекува жестока трка, и ќе даде се од себе.

Верстапен како да е претплатен на третото место истакна дека се обидел да биде најбрз, и утре ќе почнат со различни гуми, па ќе биде неизвесно на утрешната трка. Верува дека утрешната трка нема да биде лесна.

До Ботас на утрешната трка ќе застане Џорџ Расел, додека трет ќе биде Макс Ферстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари, како четврти.

Леклер направи пресврт со освојувањето на четврто време, а на големо изненадување неговиот тимски колега Себастијан Фетел не влезе меѓу првите десет.

Од 4.-10. позиција се: Шарл Леклер (Ферари), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Данил Квјат (АлфаТаури), Даниел Рикардо (Рено), Карлос Сајн (Мекларен), Пјер Гасли (АлфаТаури) и Ленс Строл (Рејсинг Поинт).

Главната трка за ГН на Сахир ќе се вози утре со почеток во 18:10 часот со директен пренос на тв 24.

Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари