Ботас ќе стартува од пол позицијата на патеката Силверстоун
Foto

Ботас ќе стартува од пол позицијата на патеката Силверстоун

Валтери Ботас ќе тргне од пол позицијата на јубилејната трка со која се означува седумдесетгодишнината од Формула 1 на патеката Силверстоун во Велика Британија.

Ботас во финишот на завршната сесија од квалфикациите успеа да оствари подобро време од актуелниот шампион и тимска колега од Мрецедес, Луис Хамилтон и го спречи да ја запише и осмата рекордна пол позиција на оваа патека. За Ботас ова е 13-та пол позиција во кариерата, втора годинава.

Болидите на Мерцедес ќе го предводат караванот утре на трката од првиот стартен ред, во вториот ќе бидат Хико Хулкенберг и Макс Ферстапен.

Во пресрет на утрешното натпреварување, второ во две седмици во Велика Британија, Хамилтон има 88 бода, 30 повеќе од второпласираниот Ботас, третото место со 52 бода му припаѓа на Макс Ферстапен. Минатата седмица на оваа патека славеше Хамилтон пред Ферстапен и пред Лекелер.
 
Трката за Големата Награда на Велика Британија ќе се вози утре во 15 часот.

0 Коментари

Остави коментари