Ботас: Јас и Хамилтон ќе се бориме за трофејот
Foto

Ботас: Јас и Хамилтон ќе се бориме за трофејот

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ги сподели своите ставови за неговата конфронтација со клупскиот колега Луис Хамилтон во борбата за титулата во сезоната 2020 година.

– Сезоната штотуку започна, особено што во Формула 1, никогаш не знаете што ќе се случи. Како и да е, со оглед на успехот на нашиот тим на две различни патеки, постои чувство дека јас и Луис ќе се бориме за титулата, изјави Ботас.

После три кола од сезоната 2020, Валтери Ботас е втор во генералниот пласман со 58 бода, пет помалку од лидерот Хамилтон.

0 Коментари

Остави коментари