Бошковска за ТВ 24: Во ниту еден момент не беше кажано дека нема да се реализира
Претседателката на Синдикалната организација при ДИЦ Емилија Бошковска во емисијата 24 Отворено истакна дека разговорите се дојдени во ќорсокак. Во врска со државаната матура, во ниту еден момент не беше кажано дека нема да се реализира.
- Дававме опции и побаравме поддршка од медиумите за да биде посилен интензитетот и да се слушне, зошто евме игнорирани подолг временски период. Штрајкот го почнавме на 10ти, а не на 24ти. Како го почнавме, така беше потпишана измената на колективниот договор, таа што берше барана и немаме потпишан документ помеѓу работодавачот и синдикатот. Тој документ беше доставен до министерството за финансии за да добиеме согласност. Едноставно, настана хаос, иако од наша страна беше покажана добра волја за да го ставиме штрајкот во мирување во 254ти.- вели Бошковска.