Борисов - Мицкоски: Срдечен поздав без разговор

Се поздравија, но не разговараа - Мицкоски и Борисов на иста маса во Валенсија. На дводневен Конгрес во Шпанија, каде се избра старо-новиот претседател на ЕПП Манфред Вебер, во атмосфера на срдечни насмевки и прегратки, македонскиот премиер и лидерот на бугарската ГЕРБ, подадоа рака.

Сепак, освен куртоазното ракување, разговор за деблокада на македонските евоинтеграции не се случи. А седеа и на иста маса, преку едно столче, ги делеше Анита Димитриу претседателката на кипарскиот парламент. 

Борисов во Валенсија беше во придружба на Марија Габриел, која доби втор мандат за заменик претседател на ЕПП и Захариева која од неодамна стана еврокомесар. Мицкоски пак го придружуваше шефот на дипломатијата Муцунски. 

По Конгресот, запрашан за позицијата на Радев кон македонските евроинтеграции, Борисов одоговри.

Прашање: Вчера претседателот (Радев) изјави дека нема да направи отстапки по прашањето за членството на Република Северна Македонија. Ги знаете неговите позиции  

- Го немам слушнато. Веќе престанав да го слушам. Секој ден кажува нешто што не е важно во праксата. - Бојко Борисов ГЕРБ.

Од македонска страна, неофицијално, велат, дека владата планира во следниот период да има интензивни средби со европските лидери, но не и со бугарските колеги. Премиерот Мицкоски синоќа за време на неговиот говор на Конгресот , изјави дека не може да молчи пред двојните стандарди. 

- Нашата нација направи значајни жртви и реформи, цврсто посветена на нашиот европски пат. Сепак, одново и одново, бевме сведоци на менување на целните точки и селективно додавање на дополнителни услови, прикривајки ја транспарентноста и праведноста што ги ветува Европа. - Христијан Мицкоски премиер.

Вчера бугарскиот претседател Радев порача дека не постои зборот - отстапки во неговиот речник за Македонија. Во Софија во тридневна официјална посета беше престедателот на ЕС Антонио Кошта. Еврокомесарката за проширување, пак, вчера изјави дека Македонија е тажна приказна на Балканот.