Борисов: Македонија побргу да ги изведе пред суд напаѓачите во Охрид

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов ги повика властите во Македонија да ги изведат пред лицето на правдата сторителите на неодамнешното претепување на секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Според Борисов, ваквите случаи ги поткопуваат напорите на Бугарија да ја придвижи соседната земја кон членство во ЕУ. 

„Сега има кривично дело, пукање, тепање, му е скршена вилицата, тоа е средно тешка повреда. Се додека не ги најдат виновниците и не ги изведат пред лицето на правдата, ние ќе се залагаме тоа да се случи.

Во секој случај, ова ги поткопува огромните напори што ги направивме за да ги изведеме Северна Македонија и Албанија на патот кон Европската Унија.

Меѓутоа, овде гледам обид за враќање на Северна Македонија под руско влијание, намерно, и тоа се прави многу активно. Во никој случај не треба да бидете заведени. Најдоброто нешто за Бугарија е Северна Македонија и Албанија да бидат во Европската Унија и НАТО“, рече Бојко Борисов.