Борисов: Ќе испратиме заштитни одела за браќата од Северна Македонија
Foto

Борисов: Ќе испратиме заштитни одела за браќата од Северна Македонија

Ќе испратиме стотина заштитни одела за нашите браќа од Северна Македонија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Многу е лесно да кажеш брат, но кога гледаш како умираат луѓе, тогаш треба да се дејствува. Наредив уште денеска да бидат истрапени стотина заштитни одела за медицинските лица во Северна Македонија, кои се на првата борбена линија, изјави Борисов, пренесува БГНЕС.

Бугарскиот премиер посочи дека моментално во светот нема лек за коронавирусот, но и дека нема ниту еден заболен што не е лекуван.

 

– Ние обезбедивме средства кои покажале ефект во другите држави, изјави Борисов.

0 Коментари

Остави коментари