Борисов: Изјавата на Мицкоски е чиста провокација

Реакција од Бугарското Министерство за надворешни работи, откако вчера премиерот Христијан Мицкоски праша зошто Бугарија не Бара од Албанија граѓаните кои се таму и се изјасниле како Бугари да влезат во Уставот.

Тие сметаат дека изјавите на Мицкоски ја искривувале реалноста и ги поткопувале напорите за градење, и како што велат бугарското малцинство во Македонија не е билатералнбо прашање туку европски стандард и од тоа зависи иднината на Македонија кон ЕУ.

Реагираше и Борисов, кој вели дека изјавата на премиерот е како тест или провокација за новата влада на Бугарија. 

„Апсолутна провокација и едноставно не треба да и се обрнува внимание.Министерството за надворешни работри на Бугарија реагираше добро, така што тие тоа можат.“Бојко Борисов лидер на ГЕРБ.

Изјавата на Мицкоски жестоко ја напрадна и лидерот на партијата во Бугарија „Има таков народ“ Слави Трифонов, кој вели, навистина ми е доста од овие луѓе. Не можам да кажам дали сум лут или тажен. Овој Мицкоски е избран демократски. Живо се сеќавам како за време на изборите целата негова изборна кампања беше заснована кон нас Бугарите. 

Премиерот пак вчера во Собранието рече дека е чудно, како Албанија која според последниот попис живеат над 8.000 Бугари, нема услов да ги стави во Уставот, додека Македонија, која има нешто помалку од 800 се соочува со блокади.

„Суштинското прашање е зошто во Македонија околу 700-800 бугари декларирале дека мајчин јазик им е Бугарскиот треба да ги ставиме во устав, а зошто Албанија го нема тој услов да овие 8000 не ги стави во уставот.“ - Христијан Мицкоски премиер.

Ставањето на Бугарите во уставот е дел од преговарачката рамка, според која Македонија треба да ги продолжи преговорите со ЕУ.