Борис Кондарко е новиот претседател на Државната изборна комисија

Борис Кондарко, досегашен член на Државната изборна комисија (ДИК) ќе биде претседател на оваа комисија, откако Собранието на денешната седница донесе одлука да се усогласи составот на ДИК по смената на власта во Северна Македонија по парламентарните избори што се одржаа во мај.

Според Изборниот законик, претседателското место во Државната изборна комисија ѝ припаѓа на опозицијата. Кондарко е член на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

Со усогласувањето, потпретседател на ДИК ќе биде Абдуш Демири, на предлог на партијата Беса.