Борис Џонсон прими прва доза вакцина на „АстраЗенека“
Foto

Борис Џонсон прими прва доза вакцина на „АстраЗенека“

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа ја прими првата доза на вакцина против Ковид-19 на „АстраЗенека“ и ги повика луѓето да го следат неговиот пример.

Педесет и шестгодишниот Џонсон беше вакциниран во истата болница каде минатата година беше на одделот за интензивна нега откако беше заразен со коронавирусот.

– Буквално не почувствував ништо. Беше многу добро, многу брзо, рече Џонсон по инјекцијата во лондонската болница Сент Томас.

– Кога секој од вас ќе биде известен да оди да се вакцинира, ве молам, одете и направете го тоа. Ова е најдоброто нешто за вас, најдоброто нешто за вашето семејство и сите други, рече тој.

Борис Џонсон беше вакциниран на денот кога европските земји ја продолжија употребата на вакцината „АстраЗенека“, откако регулаторот на лекови за ЕУ ​​објави дека придобивките од вакцината ги надминуваат сите ризици.

0 Коментари

Остави коментари