Борис Џонсон им забрани на своите министри да присуствуваат на Светскиот економски форум во Давос
Foto

Борис Џонсон им забрани на своите министри да присуствуваат на Светскиот економски форум во Давос

Борис Џонсон им забрани на своите министри да присуствуваат на Светскиот економски форум во Давос во јануари 2020 година. Портпарол на Даунинг стрит изјави дека премиерот не сака членовите на неговата влада да присуствуваат на годишната средба со глобалната елита, пишува Политико.

Форумот, што се одржува секоја година во елитното швајцарско алпско одморалиште, вклучува околу 3.000 меѓународни политички лидери, деловни личности, економисти и познати личности. Обично се вклучени и претставници на британската влада, но тоа нема да биде случај во 2020 година

– Нашата цел е да работиме за луѓето, а не да пиеме шампањ со милијардери, рече портпаролот на британскиот премиер.

Светскиот економски форум ќе се одржи од 21 до 24 јануари. Велика Британија треба да ја напушти Европската унија на 31 јануари.

0 Коментари

Остави коментари